competition - онтологија

игра повеќе

мн. игри
Вид збор: Именка, женски род
Спортски натпревари или низа културни приредби што се одржуваат повремено, на определено време.
Албански: garë
Употреба: Спорт
Примери:
олимписки игри

компетиција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
конкуренција, натпревар
Примери:
Со овој проект, македонската литература излегува на светскиот мегдан, во светска компетиција со книжевностите на светот.

конкуренција повеќе

(едн.) конкуренцијата
Вид збор: Именка, женски род
Соперништво на некое поле од работата, натпревар за постигнување подобри резултати.
Германски: Konkurrenz Албански: konkurencë
Употреба: Економија
Примери:
силна конкуренција

конкурс повеќе

мн. конкурси
Вид збор: Именка, машки род
Натпревар на кандидати за добивање премија, служба, за запишување на некоја школа и сл.
Албански: konkurs
Примери:
Пропозиции на конкурсот во медицинското училиште.

натпревар повеќе

мн. натпревари
Вид збор: Именка, машки род
Воопшто, натпреварување во некоја дејност (во стопанството, учењето, науката, културата) на човекот.
Албански: garë
Примери:
Културен натпревар.

олимпијада повеќе

мн. олимпијади
Вид збор: Именка, женски род
натпревар
Албански: lojra olimpike
Примери:
Планирано е организирано учество на училишни и вонучилишни литературни конкурси, олимпијади, натпревари и сл.