eight - онтологија

осмерец повеќе

мн. осмерци
Вид збор: Именка, машки род
Чамец со осум веслачи.
Албански: barkö me tet lundrues
Употреба: Спорт

осми повеќе

осма
Вид збор: Број
Што е осми по ред, бројна придавка од осум.
Примери:
осмо одделение

осмина повеќе

Види и: осуммина (бр.)
оcмината
Вид збор: Број
група од осум лица

осум повеќе

осумте
Вид збор: Број
Основен број за определена бројност; се бележи со бројката 8.
Албански: tetë

осумка повеќе

мн. осумки
Вид збор: Именка, женски род
Она што е означено со бројот 8 (зграда, карта, автобус).
Примери:
Осумката доцнеше десет минути.

осуммина повеќе

осумтемина
Вид збор: Број
Мажи или мешана група од осум лица.
Примери:
Во ќелијата внесоа осуммина нови затвореници.