аресаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува симпатија кон некого, кон нешто.
Примери:
Томе го ареса момичето, го ареса и си го зеде.
(се ареса) Ми (ти, му...) се допадне, ми (ти, му...) се свиде.
Примери:
Ќерка ти ми се ареса, а син ти не.
бендисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се допадне некому.
Турски:
beğenmek
Албански:
pëlqej
Употреба:
Разговорно
Примери:
Тој од едно видување ја бендиса девојката.
(се бендиса) Се допадне сам себеси.
Примери:
Тој се бендисуваше во црн костум.
(се бендиса) Се бендиса, се допадне еден на друг.
Примери:
Тие се бендисаа и се зедоа.
(се) бендисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
допаѓа, свиѓа
Примери:
Јас адетите многу ги бендисувам и не сум за да се изоставаат.
годат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л.) Поволно, пријатно за некого.
Албански:
baj qejfin dikujt
Примери:
Твоето внимание му годеше на дедо ми.
допаднат
Вид збор: Глагол, свршен
(се допадне) (Ми) се бендиса, (ми) остави убав, силен впечаток.
Примери:
Ни малку не му се допадна оваа глетка.
допаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(ми, му, им, се допаѓа) бендисува
Примери:
Девојката многу му се допаѓа.
засакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува приврзаност, почит, љубов спрема некого или нешто.
Примери:
Тој ме засака како ќерка.
идат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ми (ти, му ...) се иде. Сака, му доаѓа, има желба.
Албански:
vij, më vjen
Употреба:
Безлично
Примери:
Од радост ми иде да запеам.
свидат
Вид збор: Глагол, свршен
се допаѓа
Примери:
Знам, ќе му се свиди девојката.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) свиди
Примери:
Се организира со цел да се отарасиш од работи што не ти требаат или не ѝ се свиѓаат на жена ти.
(се) симпатизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се симпатизира) Чувствува меѓусебна симпатија.