допадне
допаднат; допадни, допаднам, допаднете; допаднав, допаднаа; допаднал; допаднат; (ќе) допаднев, (ќе) допаднеа; (ќе) допаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3725
1.
Дојде, стигне неочекувано, одненадеж.
Примери:
Во одајата допадна едно дете.
Како допадна ти овдека?
2.
Дојде, падне нешто некому в рака.
Примери:
Не сакам дневников да допадне во нечии раце.
Му даваа сѐ што ќе им допаднеше до рацете.
3.
(се допадне) (Ми) се бендиса, (ми) остави убав, силен впечаток.
Примери:
Ни малку не му се допадна оваа глетка.
Девојката многу му се допадна.
Ми се допаднаа неговите манири.
Изведенки
допаѓање ср.
глаг. им.
глаг. им.