бендиса
бендисаат; бендисал; бендисан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5759
1.
Се допадне некому.
Примери:
Тој од едно видување ја бендиса девојката.
Гостите го бендисаа ручекот.
Такви карактери таа не бендисуваше.
Многу ме бендиса новата книга на Петре.
Слично со:
допадне (св.)
2.
(се бендиса) Се допадне сам себеси.
Примери:
Тој се бендисуваше во црн костум.
3.
(се бендиса) Се бендиса, се допадне еден на друг.
Примери:
Тие се бендисаа и се зедоа.
Изведенки
бендисување ср.
глаг. им.
глаг. им.