line - онтологија

линија повеќе

мн. линии
Вид збор: Именка, женски род
Реална или замислена црта, која поминува, соединува две точки или е граница од пресекот на две површини.
Албански: vijë
Употреба: Математика
Примери:
права линија
Црта повлечена на некаква површина.
Албански: vijë
Примери:
Повлечи тука една линија.
Одреден пат по кој се движат возила, сообраќајна врска.
Албански: linjë
Употреба: Транспорт
Примери:
автобуска линија
телефонски вод
Албански: linjë
Употреба: Технологија
Примери:
телефонска линија
Црта што определува пространство, височина.
Албански: linjë
Примери:
гранична линија
Последователен ред од предци или потомци.
Албански: prejardhje
Примери:
Роднини по машка и по женска линија.

партија повеќе

мн. партии
Вид збор: Именка, женски род
Во книговодството: одредница.
Употреба: Економија
Примери:
Партија „лични расходи“.

позиција повеќе

мн. позиции
Вид збор: Именка, женски род
Утврдено место на распоред на воени сили; место во борбена линија.
Албански: vijë
Употреба: Воен термин
Примери:
одбранбена позиција

ред повеќе

мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
Целокупност од лица обединети со некакви односи со некаква организација, состав, средина.
Албански: rradhë
Примери:
Во редовите на армијата.

редица повеќе

мн. редици
Вид збор: Именка, женски род
Права линија од лица или предмети.
Албански: rresht, rend, varg
Примери:
долги редици

траса повеќе

мн. траси
Вид збор: Именка, женски род
Одбележен, означен проектиран правец на пат или на железничка пруга; на далновод, водовод и сл.

црта повеќе

мн. црти
Вид збор: Именка, женски род
Тенка трага повлечена со молив, перо, остар предмет и сл.
Албански: linjë
Примери:
Повлече една дебела црта.
Граница, линија што разграничува едно нешто од друго.
Албански: linjë
Примери:
Падна зад цртата што ја бележеше реката.

чизија повеќе

мн. чизии
Вид збор: Именка, женски род
црта, линија
Турски: çizi
Употреба: Архаизам

штрих повеќе

мн. штрихови
Вид збор: Именка, машки род
црта, линија, пруга
Германски: Strich
Употреба: Разговорно