obstacle - онтологија

брана повеќе

мн. брани
Вид збор: Именка, женски род
Секаков вид пречка што се поставува меѓу две нешта.
Албански: penges
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа постави брана меѓу нив двајцата и тој чувствуваше дека со ништо не може да допре до неа.

кочница повеќе

мн. кочници
Вид збор: Именка, женски род
Пречка во развојот на нешто.
Албански: pengesë
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Беше кочница во нејзината кариера.

препрека повеќе

мн. препреки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што го спречува движењето, пристапот до нешто.
Примери:
Поминаа многу препреки додека стигнаа до целта.

пречка повеќе

мн. пречки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што пречи, што смеќава (во работата, во дејствувањето, во напредувањето).
Албански: pengesë
Примери:
пречки во работата

сито повеќе

мн. сита
Вид збор: Именка, среден род
Пречка што се надвива тешко.
Албански: pengesë, kleçkë
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој испит е големо сито.

смеќа повеќе

мн. смеќи
Вид збор: Именка, женски род
пречка
Употреба: Разговорно
Примери:
Нема никакви смеќа.

сопирачка повеќе

мн. сопирачки
Вид збор: Именка, женски род
Пречка во нешто.
Албански: pengesë, fren
Употреба: Преносно значење
Примери:
сопирачка на развојот