say - онтологија

блекне повеќе

блекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто.
Албански: blegëroj, flas
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Блекни нешто!

вели повеќе

велат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува, говори, усно соопштува.
Албански: flet
Примери:
Јас како другар и пријател ти велам: нема да дозволам никаков разговор за таа работа.
се зборува, се смета
Албански: flitet
Примери:
Велат: јавило радиото оти војнава уште долго ќе траела.
кажува, именува, вика
Албански: tregon
Примери:
Така е градски, а ние си го велевме по наше.
Изразува нешто со надворешниот изглед, без зборови.
Примери:
Очите ѝ велеа нешто друго.
Изразување на мисла, суд во писмен состав (литературно дело).
Примери:
Како што вели авторот во својата статија, револуцијата е поопасна од војната.
(се вели) се зборува, се кажува
Примери:
Зар не можеш да сфатиш едно такво обично нешто како што е тоа што ти се вели дека не смееш да го правиш.

вика повеќе

викаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вели, кажува
Албански: them
Употреба: Разговорно
Примери:
Соседот вика дека кај нив не дошол таков човек.

зборува повеќе

зборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се зборува) се раскажува
Албански: tregon
Примери:
Низ целиот град се зборуваше за настанот.

издума повеќе

издумаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изговори, проговори, искаже нешто.
Албански: flas, them
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Две думи што издума.

кркне повеќе

кркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже, проговори, отвори уста.
Албански: flas, çel gojën
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ниеден од селаните не смее да кркне од него.

потфрли повеќе

потфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Дофрли зборови, каже нешто за некого.
Албански: tha
Употреба: Преносно значење
Примери:
Потфрли некој забор за мене.

проговори повеќе

проговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне разговор; каже, изговори.
Албански: fillon bisedën
Примери:
Таа прва му проговори.

прозборува повеќе

мн. прозборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже, рече, изусти, проговори нешто.
Албански: tha
Примери:
Во лутината прозборува тивко колку за себеси.

рече повеќе

речат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто.
Албански: tha
Примери:
Си помисли малку и рече: „Не е така!“