а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изговори

изговорат; изговорил; изговорен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3191
1. Образува глас или низа од гласови со говорните органи.
Англиски: pronounce Албански: shprehem
Примери:
Учениците изговараа новите зборови еден по еден.
Го изговори нејзиното име со многу љубов.
2. Соопшти гласно некаква мисла, некакво сознание, искаже текст.
Англиски: communicate Албански: komunikon
Примери:
Со страв го изговори името на предавникот.
3. (се изговори) Се оправда пред некого, наведе некаква причина за неисполнување, неизвршување на нешто.
Англиски: excuse Албански: justifikon
Примери:
Се изговорив како да сум болна.
Изведенки
1. изговара несв.
(се) изговараат
2. изговарање ср.
глаг. им.
3. изговорува несв.
(се) изговоруваат
4. изговорување ср.
глаг. им.