апсигуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
скрати, скуси, одземе
Примери:
Многу повеќе од вашите пари што секој месец ви ги апсигувале со лагата за поспокојна старост.
закусат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да куси, да смалува нешто.
Примери:
Тешката работа ми го закуси животот.
(се закуси) Почне да се намалува.
Примери:
На болниот му се закусија деновите.
кастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скуси, ограничи нешто.
Примери:
Средината е против него, му ги кастри крилјата.
кратат
Вид збор: Глагол, несвршен
куси
Примери:
Го крати капутот.
кусат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави кус или покус, скратува, смалува.
Примери:
Ги куси панталоните.
(се куси) Се намалува, станува сѐ помалку.
Примери:
Во есен денот се куси.
одземат
Вид збор: Глагол, свршен
скуси, намали
Албански:
shkurtoj, zvogloj
Примери:
Одземи ги малку ракавите, долги се.
подрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Со режење скрати, потсече нешто.
Примери:
Ги подрежа исушените гранчиња.
Вид збор: Глагол, свршен
Скуси малку, донекаде.
Примери:
Не знаеше што да прави за да го поскуси времето.
(се поскуси) Се скуси малку, донекаде.
Примери:
Панталоните му се беа поскусиле од перењето.
Вид збор: Глагол, свршен
Исече, потсече, скуси малку нешто.
Примери:
Тој ги поткастрил мустаќите.
поткусат
Вид збор: Глагол, свршен
Скуси, скрати одоздола; направи малку покусо, пократки.
Примери:
Шивачот му ги поткуси панталоните.
Скрати, скуси малку нешто (плата, надомест).
Примери:
Тој му поткуси од платата.
Вид збор: Глагол, свршен
Скрати, скуси одоздола.
Примери:
Фустанот си го потскратила.
Направи да биде нешто малку пократко, покусо.
Примери:
Тој ја потскрати живата ограда.
прекратат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - наполни слободно време, направи нешто за да мине времето.
Примери:
Го прекрати времето читајќи книги.
скастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрати нешто во извесна мера.
Примери:
Ни го скастрија буџетот.
скратат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане кратко или пократко.
Примери:
Ја скратија работната недела.
(се скрати) Стане кратко или пократко.
Примери:
Патот се скрати за неколку часа.
Вид збор: Глагол, несвршен
скусат
Вид збор: Глагол, свршен
скрати
Примери:
Ми ги скуси ли панталоните?
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) скратува, (се) скусува