а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

куси

кусат; кусел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 23361
1. Прави кус или покус, скратува, смалува.
Англиски: shorten Албански: shkurtoj
Примери:
Ги куси панталоните.
2. Намалува, одзема дел, задржува дел од нешто.
Албански: shkurtoj
Примери:
Ги кусат работничките прави.
Две банки ми кусиш, чорбаџике!
Им куси од лебот на децата.
3. (се куси) Се намалува, станува сѐ помалку.
Англиски: shorten Албански: shkurtohet
Примери:
Во есен денот се куси.
Се куси селото.
Изрази
Си куси од залакот - гладува.
Му (ми, ти, ...) се кусат дните - се ближи крајот некому, деновите се избројани.
Не cи куси од ништо - не cе воздржува од ништо.
Изведенки
кусење ср.
глаг. им.