skeleton - онтологија

костур повеќе

мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело.
Албански: skelet
Употреба: Анатомија
Многу слаб човек.
Албански: skelet
Употреба: Медицина , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Костур се стори од болеста.
За зграда - носечка конструкција.
Албански: skelet
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Направи куќичка со дрвен костур и ѕидови од плитар.
Тоа што служи како основа за понатамошна работа, главни црти на нешто.
Албански: skelet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Костур на книгата.

скелет повеќе

мн. скелети
Вид збор: Именка, машки род
Во анатомијата - сите коски што ја составуваат тврдата основа на човечко или животинско тело.
Албански: skelet
Употреба: Анатомија
Примери:
Човечки скелет.
Многу слаб човек.
Албански: skelet
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Види го каков е, скелет.