tidy - онтологија

издотера повеќе

Види и: дотера (св.)
издотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Уреди, многу добро изработи, направи.
Албански: i rregullt
Примери:
Ја издотерале куќата, за милина.

обликуван повеќе

обликувани
Вид збор: Придавка
Што е среден, уреден по облик, по надворешен изглед.
Примери:
обликувано дело

паќен повеќе

паќна
Вид збор: Придавка
чист, уреден
Турски: pak
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Паќна куќа.

паќно повеќе

Вид збор: Прилог
чисто, уредно
Употреба: Дијалектен збор

педантен повеќе

педантни
Вид збор: Придавка
уреден

погоден повеќе

погодени
Вид збор: Придавка
уреден, дотеран, среден
Албански: i zbukurua
Примери:
Собата му беше погодена и за одмор и за работа.

поподреди повеќе

Види и: подреди (св.)
поподредат
Вид збор: Глагол, свршен
Подреди во некоја мера, до определен степен.
Примери:
Го поподреди станот и седна да се одмори.

порасчисти повеќе

Види и: расчисти (св.)
порасчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Расчисти, очисти нешто малку, донекаде.
Албански: pastroj
Примери:
Таа ја порасчисти куќата.

посуреди повеќе

Види и: суреди (св.)
посуредат
Вид збор: Глагол, свршен
Суреди, дотера, намести малку, уште малку.
Примери:
Посуреди ја облеката!

прибере повеќе

приберат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - среди коса, стане уреден.
Албански: i pastër
Примери:
Девојката ја прибра косата и стави панделка.

прибран повеќе

прибраниот
Вид збор: Придавка
Што е уреден, среден (во облека, коса и др.)

раскрене повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
раздига

раскренува повеќе

раскренуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раздигува

спастрен повеќе

спастрениот
Вид збор: Придавка
Што е уреден, прибран, дотеран.
Примери:
Спастрена куќа.

спастри повеќе

спастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе в ред.
Албански: bie në vend, rregulloj
Употреба: Разговорно
Примери:
Спастри ја првин куќата и оди си.
(се спастри) Се доведе в ред.
Албански: bie në vend, rregullohet
Употреба: Разговорно
Примери:
Да се спастрам и ќе дојдам.

суправа повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
уредува, дотерува, средува, (куќа и сл.)

суреден повеќе

Види и: суреди (св.)
суредени
Вид збор: Придавка
Што е уреден, чист.
Примери:
Суредена просторија.

суреди повеќе

суредат
Вид збор: Глагол, свршен
Среди, дотера, намести (соба, куќа).
Албански: rregulloj
Примери:
Ја суреди брзо куќата.

уреден повеќе

уредни
Вид збор: Придавка
Доведен во ред.
Албански: i rregulluar
Примери:
уреден стан
Што е во ред.
Албански: i rregulluar
Примери:
Уредна да е куќата.