среден
средни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1449
1.
Доведен во ред; морално врамнотежен.
Англиски:
orderly
Албански:
i rregulluar, i sistemuar
средена состојба
среден старец
среден одговор
2.
Кој е еднакво оддалечен од краиштата на нешто; кој се наоѓа меѓу две крајни точки; за браќа, сестри - вториот од три.
Примери:
Се појави на средниот прозорец.
Го пресече средниот прст.
Средниот син го чуваше стариот.
среден век
3.
Кој е по своите признаци, својства меѓу двете крајни големини.
Примери:
среден по бој
средна категорија
средни селани
5.
Добиен со делење на збирот на неколку големини на нивниот број.
Примери:
средна годишна температура
средна брзина
средна цена
средна вредност
Изрази
Нешто средно.
Среден век.
Среден Исток.
Среден род.
Среден сталеж/класа - општествена група што се наоѓа меѓу работничката и високата класа.
Средна рака - човек.
На средни години - средовечен.
Средно образование.
Средно училиште.