train - онтологија

вовче повеќе

мн. вовчиња
Вид збор: Именка, среден род
воз
Албански: trenush
Употреба: Деминутив , Транспорт
Примери:
Вовчето во детскиот парк.

воз повеќе

мн. возови
Вид збор: Именка, машки род
Низа од железнички коли, вагони што ги влече локомотива.
Употреба: Транспорт
Примери:
патнички воз

дресура повеќе

мн. дресури
Вид збор: Именка, женски род
Скротување или обука на животни заради определена цел (лов, циркус, војска).
Примери:
Се занимаваше со дресура на мајмуни.

железница повеќе

мн. железници
Вид збор: Именка, женски род
воз
Албански: tren
Употреба: Разговорно , Транспорт
Примери:
Подобро ми е патувањето со железница.

композиција повеќе

мн. композиции
Вид збор: Именка, женски род
Низа од железнички вагони во еден состав што ја влече локомотива.
Албански: kompozim treni
Употреба: Транспорт
Примери:
Пристигна една композиција со бегалци.

пампур повеќе

мн. пампури
Вид збор: Именка, машки род
воз (на пареа)
Албански: tren, pampur
Употреба: Архаизам , Транспорт
Примери:
Кога трга пампурот од Прилеп?