мн. железници
Вид збор: Именка, женски род
Сообраќајно средство за превоз на стока и патници со единствен заеднички пат, пруга, шини и сите постројки на пругата; железнички возни средства и техничко-комерцијална организација што ги организира и регулира сите дејности во врска со тоа.
Англиски:
railway
Албански:
hekurudhë
Работи на железница.
воз
Англиски:
train
Албански:
tren
Подобро ми е патувањето со железница.
Слично со:
воз (м.)
железничка линија
Англиски:
railroad
Албански:
linjë hekurudhore
Таму патот се вкрстува со железницата.