Транспорт - категорија

кабриолет повеќе

мн. кабриолети
Вид збор: Именка, машки род
Вид автомобил со две или четири седишта, cо подвижен покрив.
Англиски: convertible Албански: kabriolet
Примери:
Тие тукушто седнаа во жолтиот кабриолет кој подготвено чекаше на поплочената улица.
Лека коњска кола, со подвижен покрив.
Англиски: cabriolet Албански: kerr me kali

каита повеќе

мн. каити
Вид збор: Именка, женски род
Кабина на брод.
Англиски: cabin

камион повеќе

мн. камиони
Вид збор: Именка, машки род
Bид моторно возило за превоз на поголем товар.
Англиски: truck Албански: kamion
Примери:
По патот се враќаат камиони, растоварени и брзи.

камионетка повеќе

мн. камионетки
Вид збор: Именка, женски род
Помал товарен автомобил.
Англиски: pickup
Примери:
Се врати со камионетката на работа

камионџија повеќе

мн. камионџии
Вид збор: Именка, машки род
Управувач, возач на камион.
Англиски: truck driver

капетан повеќе

мн. капетани
Вид збор: Именка, машки род
заповедник на брод
Англиски: captain Албански: kapiten
Примери:
Четворица морнари, меѓу кои и брадестиот капетан, довеслаа на брегот.

капетанија повеќе

мн. капетании
Вид збор: Именка, женски род
Територијално-извршен орган на поморската управа.
Англиски: port authority Албански: kapetani
Примери:
Пристанишна капетанија.

каравела повеќе

мн. каравели
Вид збор: Именка, женски род
Вид на брод со три или четири јарболи, едреник.
Англиски: caravel

карго повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Бродски товар; товар воопшто.
Англиски: cargo Албански: kargo
Примери:
карго аеродром
Осигурување на стока што cе превезува со брод.
Англиски: cargo insurance Албански: kargo sigurim

карета повеќе

мн. карети
Вид збор: Именка, женски род
Вид покриена кола, влечена од коњи за превоз на луѓе.
Англиски: carriage
Примери:
Девојките излегоа од убавите карети.

катализатор повеќе

мн. катализатори
Вид збор: Именка, машки род
Дел од автомобилот што ги прочистува издувните гасови.
Англиски: catalytic converter Албански: katalizator
Примери:
Поради законите за чист воздух, новите автомобили имаат катализатори.

керозин повеќе

(едн.) керозинот
Вид збор: Именка, машки род
Гориво за авион.
Англиски: kerosene

кираџија повеќе

мн. кираџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши превоз на стока и луѓе со кола, коњ.
Англиски: carter, carrier Турски: kiracı Албански: qiraxhi
Примери:
Ги немаше старите кираџии што донесуваа малечки порачки од градот.

класа повеќе

мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Поделба на местата за патници во некои превозни средства, во зависност од удобноста, комфорноста што ја нудат.
Англиски: class Албански: klasë
Примери:
Тој секогаш патува со прва класа.

клучка повеќе

мн. клучки
Вид збор: Именка, женски род
Голема раскрсница на едно или на повеќе нивоа.
Англиски: loop, crossroad Албански: lak, qarkore
Примери:
На клучката се врти лево.

колесник повеќе

мн. колесници
Вид збор: Именка, машки род
Кола на две тркала што е влечена од жива сила; двоколка.
Англиски: chaise
Примери:
Се возеше врз сено на разнишан колесник.

количка повеќе

мн. колички
Вид збор: Именка, женски род
кола
Англиски: car Албански: makinë e vogël

коловоз повеќе

мн. коловози
Вид збор: Именка, машки род
Паралелни траги на пат вдлабени од коли.
Англиски: roadway, lane Албански: krosi
Пат или дел од улица меѓу тротоари, по кој се возат коли, автомобили, возила.
Англиски: carriageway Албански: krosi

колтук повеќе

мн. колтуци
Вид збор: Именка, машки род
Голема кривина, завој на река или пат.
Англиски: bend Албански: lakesë
Примери:
Автобусот го чув кога дојде зад колтукот.

комбе повеќе

мн. комбиња
Вид збор: Именка, среден род
Моторно возило, помало од автобус, наменето за превоз на патници (8 до 10) или за разнесување стока и др.
Англиски: transporter
Примери:
Дојде комбето со храна за работниците.

композиција повеќе

мн. композиции
Вид збор: Именка, женски род
Низа од железнички вагони во еден состав што ја влече локомотива.
Англиски: train Албански: kompozim treni
Примери:
Пристигна една композиција со бегалци.

комуникација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сообраќајна врска (пат, железница).
Англиски: communication Албански: komunikim

конвој повеќе

мн. конвои
Вид збор: Именка, машки род
Привремено спојување бродови, транспортни средства и други единици што се движат под заштита.
Англиски: convoy Албански: konvoj
Примери:
Направија конвој околу бродот.
Група возила што се движат заедно.
Англиски: convoy Албански: konvoj

кондуктер повеќе

мн. кондуктери
Вид збор: Именка, машки род
Службеник во железнички или автобуски превоз што проверува или издава билети и внимава на редот.
Англиски: conductor
Примери:
Кондуктерот даде знак за поаѓање.

контејнер повеќе

мн. контејнери
Вид збор: Именка, машки род
Голем метален сандак за превоз на стока.
Англиски: container Албански: konteiner
Примери:
Пристигна контејнер со морска риба.

копилот повеќе

Види и: пилот (м.)
мн. копилоти
Вид збор: Именка, машки род
Втор пилот којшто покрај капетанот управува со авионот.
Англиски: copilot
Примери:
Копилотот воопшто немал капетанска лиценца.

кораб повеќе

мн. кораби
Вид збор: Именка, машки род
Голем брод со платна.
Англиски: vessel Албански: anije e madhe

коридор повеќе

мн. коридори
Вид збор: Именка, машки род
Утврдена патека по која летаат авиони.
Англиски: corridor Албански: korridor
Примери:
Воздушен коридор.

кривулица повеќе

мн. кривулици
Вид збор: Именка, женски род
свиок, кривина
Англиски: bend
Примери:
Пат со многу кривулици.

крстопат повеќе

мн. крстопати
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што cе вкрстуваат два или повеќе патишта.
Англиски: crossroad, intersection Албански: udhëkryq

крстосница повеќе

мн. крстосници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се вкрстуваат две или повеќе улици.
Англиски: intersection Албански: udhëkryq
крстопат
Англиски: crossroad

купе повеќе

мн. купеа
Вид збор: Именка, среден род
Затворен оддел со седишта во вагон.
Англиски: compartment Албански: kabinë, kupe
Примери:
Патуваме со воз во посебно купе.

кутер повеќе

мн. кутери
Вид збор: Именка, машки род
Вид мал брод.
Англиски: cutter
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш