watch - онтологија

бдее повеќе

бдеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не спие, ја поминува ноќта без сон.
Албански: ri zgjuar
Примери:
Во долгите ноќи кога сите спијат, тој бдее.

бдение повеќе

мн. бденија
Вид збор: Именка, среден род
Чување на покојник ноќе.
Албански: ruajtje e të ndjerit natën
Примери:
Бдение крај мртовецот, ноќта спроти закопот е стар обичај.
бдеење
Албански: sogjoj

висне повеќе

Види и: виси (несв.)
виснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стои, е наднесен над нешто.
Албански: shikon
Примери:
На болниот над главата му виснаа двајца војници.

гледа повеќе

гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Насочува поглед кон некого или кон нешто.
Српски: гледати Албански: shoh Бугарски: гледам
Примери:
Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше.

догледа повеќе

догледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со гледањето на нешто; види, изгледа до крај.
Албански: shikoj, vëzhgoj
Примери:
Јас не го догледав филмот зашто ми се спиеше.

доизгледа повеќе

Види и: изгледа (св.)
доизгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгледа нешто или некого сосема, од сите страни, заврши со гледање.
Албански: vështroj në tërësi
Примери:
Ја доизгледа претставата и му се допадна.

заварди повеќе

завардат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачува малку, поварди.
Албански: ruaj
Примери:
Кучето треба да ги заварди од волк или од мечка.
(се заварди) Се зачува малку, се приварди.
Албански: ruhem
Примери:
Во селото има потера, треба да се завардите.

загледа повеќе

Види и: гледа (несв.)
загледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се загледа) Почне да се гледа еден во/со друг, меѓу себе.
Албански: vëzhgoj
Примери:
Hие се загледавме, меѓу себе, зачудени.

кибицира повеќе

кибицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Набљудува, гледа со интерес и уживање воопшто.
Албански: vëzhgoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Момчето од соседната маса упорно ја кибицираше.

мери повеќе

мерат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оценува, внимателно набљудува.
Албански: mat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го мереше неговиот однос за да му возврати на ист начин.

мерка повеќе

Види и: мери (несв.)
меркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се гледа тајно еден со друг.
Албански: vëzhgoj
Примери:
Се меркаа веќе подолго време.

набљудува повеќе

набљудуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимателно гледа некого или нешто.
Албански: vështroj
Примери:
Ја набљудуваше додека излегуваше од продавницата.

напули повеќе

(се) напулат
Вид збор: Глагол, свршен
нагледа
Употреба: Дијалектен збор

обгледа повеќе

обгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се обгледа) Се обѕрне, погледне околу себе, наоколу.
Примери:
Тие се обгледале наоколу и влегле внатре во куќата.

око повеќе

мн. очи
Вид збор: Именка, среден род
надзор, надгледување
Албански: mbikëqyr
Примери:
Под неговото будно око работата течеше како што треба.

поварди повеќе

Види и: варди (несв.)
повардат
Вид збор: Глагол, свршен
Варди кратко.
Албански: ruaj, kujdesem
Примери:
Јас ќе го повардам месото додека се вари!

повардува повеќе

(се) повардуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
посматра, набљудува, гледа

подзаварди повеќе

подзавардат
Вид збор: Глагол, свршен
Припази кратко време.
Примери:
Подзаварди ги корите да не ги колваат кокошките додека да дојдам.

поѕирне повеќе

Види и: ѕирне (св.)
(се) поѕирнат
Вид збор: Глагол, свршен
Гледа, внимава на себе и на својата околина, се набљудува себеси.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Поѕирни се малку, спастри се.

понагледа повеќе

Види и: нагледа (св.)
понагледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагледа, припази, причува малку некого или нешто.

понаѕре повеќе

понаѕрат
Вид збор: Глагол, свршен
Причува, погледна малку, намине одвреме-навреме.
Албански: vështroj, vëzhgoj
Примери:
Идеше одвреме-навреме и ја понаѕираше куќата.

попази повеќе

Види и: пази (несв.)
попазат
Вид збор: Глагол, свршен
Внимава на нешто кратко време.
Примери:
Попази на млеково да не прекипе.
(се попази) Се чува малку, кратко време.
Употреба: Ретко

попрати повеќе

Види и: прати (св.)
попратат
Вид збор: Глагол, свршен
За поглед - гледа во некого или нешто.
Примери:
Ја попрати со поглед нејзината малечка фигура и нервозно зашета по собата.

попули повеќе

Види и: пули (несв.)
(се) популат
Вид збор: Глагол, свршен
Гледа, набљудува малку, некое време некого или нешто.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се попули, попули и си замина.

посматра повеќе

посматраат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимателно гледа некого или нешто.
Албански: vështroj

саат повеќе

мн. саати
Вид збор: Именка, машки род
часовник
Албански: orë
Употреба: Разговорно
Примери:
Тате му купи саат за родениот ден.

сат повеќе

Види и: саат (м.)
мн. сатови
Вид збор: Именка, машки род
саат
Употреба: Дијалектен збор

чкива повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
гледа
Употреба: Разговорно
Примери:
Го чкиваш?