благ

благи
Вид збор: Придавка
Ранг: 1421
1. Што е со сладок вкус.
Англиски: sweet Албански: i ëmbël
Употреба: Гастрономија
Примери:
благ чај
благи пијачки
Тиква блага како шеќер.
благо кафе
Круши благи како мед.
2. добар, мирен
Англиски: mellow Албански: i butë
Примери:
благ карактер
блага душа
благо срце
3. Што слабо, во мала мера го изразува своето основно својство.
Англиски: mild Албански: i butë, i qetë
Примери:
благ прекор
блага казна
благ ветер
блага клима
благо сонце
блага угорнина
блага кривина
благи пиперки
благ критериум
Изрази
Благден - црковен или народен празник.
Боже благи! - милостив Боже!
Благо млеко - свежо, кравјо, овчо или козјо (индустриски пастеризирано или стерилизирано) млеко.
Блага ракија - ракија подготвена со шеќер што се служи при свадбен обичај.
Изведенки
благо прил.
Пример: Благо го прекори синот.