замори

заморат; заморил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14204
1. Предизвика замор кај некого.
Англиски: tire Албански: lodh
Примери:
Газдата ги замори работниците со тешката работа.
Тој ги замори очите од читање.
2. (се замори) осети замор, се умори, се измори
Англиски: tire Албански: lodhem
Примери:
Таа се замори од долгото чекање.
Тој може да плива со часови без да се замори.
Изведенки
1. заморува несв.
(се) заморуваат
2. заморување ср.
глаг. им.