зрак
мн. зраци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1344
1.
Тесен сноп светлина кој доаѓа од некој извор што силно свети.
Примери:
сончев зрак
зрак светлина
месечев зрак
2.
Насочен проток на определени честички или на енергија.
Примери:
вселенски зраци
зрак топлина
Слично со:
сноп (м.)
3.
Нешто што се пројавува како зрак, во мала мера.
Примери:
Во собата немаше ниту зрак од живот.
зрак на надеж
4.
Прави линии што поаѓаат од една точка во разни насоки.
Слично со:
линија (ж.)
Изрази
Ултравиолетови зраци - невидливи зраци до крајниот, виолетов дел од сончевиот спектар.
Инфрацрвени зраци - невидливи топлински зраци до крајниот црвен дел од сончевиот спектар.
Икс-зраци - рендгенски зраци.
Му се зеде зракот од очите - го загуби видот, ослепе.
Изведенки