никаде

Вид збор: Прилог
Ранг: 995
На ниедно, на никое место; во ниеден правец.
Англиски: nowhere
Примери:
Никаде го нема.
Никаде нема излез.
Никаде тоа не може да се најде.
Никаде нема да оди.
Никаде нема да летаат.
Што cи го купил, тоа е за никаде.
Изрази
За никаде - многу лошо, безвредно.
Се стори за никаде - се посрамоти.