оздола

Вид збор: Прилог
Ранг: 5726
1. Од долната страна; под нешто.
Англиски: below
Примери:
Озгора беа новите весници, а оздола старите.
Оздола лебот беше препечен.
2. Од пониско место, од пониска положба со правец нагоре.
Примери:
Оздола во дворот некој викаше.
3. Од југ, од јужни краишта, места.
Англиски: south
Примери:
Се населуваа луѓе дојдени и оздола и озгора.