адресат
мн. адресати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 35096
1.
Примач на писмо, поштенска пратка или на порака, оној кому му е нешто упатено, наменето.
Англиски:
recipient
Албански:
adresat, pranues
Институтот е адресатот за пријавите на Конгресот.
2.
Административно лице што се повикува да исплати меница.
Примери:
Сметководителите се адресати на пристигнатите чекови за исплата.
3.
Примач на порака, исказ, текст.
Примери:
Анализата покажува дека адресатите може да се определат.