акцент
мн. акценти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4204
1.
Гласовно истакнување на определен слог или збор.
Примери:
Акцентот е на третиот слог од крајот на зборот.
2.
Знак за обележување на нагласувањето.
Примери:
Сите туѓи зборови имаат обележен акцент во текстот.
3.
Истакнување на нешто во споредба со нешто друго.
Примери:
Во овој труд акцентот е врз синхронијата.