а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

амалгам

мн. амалгами
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 26068
1. Легура од жива со други метали.
Англиски: amalgam Албански: zhivë
Употреба: Хемија
Примери:
На овој начин се создава амалгам на живата со калиумот.
2. Цврст спој.
Англиски: bond Албански: lidhje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стариот народен збор во оваа поезија дејствува како амалгам.