бори
(се) борат; борел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 813
1.
Прави физички напор да победи, да надвие некого во борба еден со друг.
Примери:
Нашиот борач ќе се бори со првакот на вашата земја во борење.
2.
Се труди, упорно работи да постигне некоја цел (да добие или да искорени нешто).
Англиски:
struggle
Албански:
luftoj, përpjekem
Тој се бореше за раководното место во фабриката.
Слично со:
труди (несв.)
3.
Учествува во борба, во некаква дејност, движење.
Примери:
Се бори за правата на децата.
Тој се бореше во мојата бригада.
Слично со:
војува (несв.)
4.
Се застапува за свои ставови во расправа, спор; прави напор да совлада нешто во себе (желба, чувство, мисла).
Слично со:
застапува (несв.)
Изрази
Се бори со голи раце - се бори без оружје, голорак.
Се бори на живот и смрт - се бори беспоштедно.
Се бори рамо до рамо со некого - се бори заедно со некого, здружено.