вели
велат; велам, велиш; велев, велеа; велел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 52
1.
Зборува, говори, усно соопштува.
Примери:
Јас како другар и пријател ти велам: нема да дозволам никаков разговор за таа работа.
Слично со:
зборува (несв.)
2.
се зборува, се смета
Примери:
Велат: јавило радиото оти војнава уште долго ќе траела.
А кабината велат дека била од несогорливо стакло.
3.
кажува, именува, вика
Примери:
Така е градски, а ние си го велевме по наше.
Слично со:
кажува (несв.)
4.
Изразува нешто со надворешниот изглед, без зборови.
Примери:
Очите ѝ велеа нешто друго.
Слично со:
изразува (несв.)
5.
Изразување на мисла, суд во писмен состав (литературно дело).
Англиски:
say
Како што вели авторот во својата статија, револуцијата е поопасна од војната.
6.
(се вели) се зборува, се кажува
Англиски:
say
Зар не можеш да сфатиш едно такво обично нешто како што е тоа што ти се вели дека не смееш да го правиш.
Се вели ренесанса, а фактички се мисли на „едно повторно или поточно, едно ново раѓање“.
7.
(се вели) се вика, се нарекува
Примери:
Јас се велам Ахим Праската.
Изрази
Што се вели зборот - што е општо прифатено, што се подразбира.
Што ти вели умот за работиве? - што мислиш.
Си велам со умов - мислам.
Изведенки
велење ср.
глаг. им.
глаг. им.