војвода
мн. војводи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1621
1.
Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на Турското Царство.
Примери:
Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев.
Се собраа прилепските војводи со своите чети.
2.
Властелин, старешина на област во некои средновековни држави; висока благородничка титула и денес во некои земји.
Примери:
Мечтаел за титулата околиски војвода.
Тој е на служба кај војводата.
Изведенки