Вид збор: Име
Антички град и држава во Месопотамија.
мн. вазали
Вид збор: Именка, машки род
Во феудалниот период, благородник кој од друг повисок благородник добива земја во владеење.
Англиски:
vassal
Албански:
vasal
Примери:
Кога потпораснал, вујко му му одделил една мала област од своето кралство и го направил свој вазал.
Владетел, државна власт или класа што се обврзува кон друга на послушност и помош.
Англиски:
ruler
Албански:
sundimtar
Потчинет, зависен човек или зависна држава.
Англиски:
subject
Албански:
subjekt
вазалниот
Вид збор: Придавка
Што има својство на вазал, што се однесува на вазал.
Примери:
Вазални земји.
(едн.) вазалството
Вид збор: Именка, среден род
Однос меѓу феудалецот и вазалот.
Вид збор: Именка, женски род
Керамички сад изработен во Антиката и декориран со слики.
Англиски:
vase
Албански:
vazë
Примери:
Античка вазна.
мн. валии
Вид збор: Именка, машки род
Царски намесник, турски воено-административен старешина на една област (вилает).
Примери:
Ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме.
мн. валилаци
Вид збор: Именка, машки род
Област со која управува валијата.
Примери:
Сафет-паша го презеде патот по својот валилак.
мн. варварства
Вид збор: Именка, среден род
Една од етапите на развој на првобитното општество.
Примери:
Песните за лулање се дел од обредните песни коишто по своето потекло се пагански и веројатно се појавиле во периодот на варварството
мн. везири
Вид збор: Именка, машки род
Висок државен достоинственик во Отоманската Империја, носител на граѓанска и воена власт, министер.
Англиски:
vizier
Турски:
vezir
Примери:
По краток престој во Солун тој беше поставен за везир на Босна.
мн. веледостојници
Вид збор: Именка, машки род
мн. велеможници
Вид збор: Именка, машки род
веледостојник
Примери:
Славни велеможници и достојници.
мн. великодостојници
Вид збор: Именка, машки род
Човек на висока положба во општеството или хиерархијата.
Примери:
градски великодостојник
мн. велможи
Вид збор: Именка, машки род
Богат и влијателен вршител на една од највисоките државни функции во некои земји.
мн. весталки
Вид збор: Именка, женски род
Кај старите Римјани - свештеница во храмот на божицата Веста.
Вид збор: Име
Продолжение на источниот дел од Римското Царство во периодот на доцната антика и средниот век.
византискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Византиското, односно на Источноримското Царство.
Примери:
византиски стил
мн. византолози
Вид збор: Именка, машки род
Научник што се занимава со византологија.
Примери:
За Самоиловото Царство ќе зборат византолозите.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на духовната и материјалната култура на Византија.
мн. викинзи
Вид збор: Именка, машки род
Средновековни групи од скандинавски морепловци познати како големи воини.
Примери:
Викинзите биле воинствени припадници на Норманите, страствени корисници на бродови, истражувачи и трговци.
мн. вилаети
Вид збор: Именка, машки род
Област во Турското Царство со која управувал валија.
Англиски:
district
Турски:
vilayet
Албански:
vilajet, distrikt
Примери:
Битолски вилает
вилаетскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вилает.
Примери:
Бил затворен во вилаетскиот затвор во Битола.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Данок или такса за вино што во времето на Турското Царство се плаќал за произведеното вино, а се плаќал со вино.
мн. витези
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен воин, коњаник, феудалец, припадник на благородничкиот сталеж што со посебен церемонијал го добивал тоа звање.
Англиски:
knight
Албански:
kalorës
Примери:
храбар витез
мн. властелини
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен господар, земјопоседник, феудалец.
Вид збор: Скратеница
Внатрешна македонска револуционерна организација
мн. војводи
Вид збор: Именка, машки род
Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на Турското Царство.
Англиски:
leader
Албански:
duk, vojvodë
Примери:
Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев.
Властелин, старешина на област во некои средновековни држави; висока благородничка титула и денес во некои земји.
Англиски:
duke
Албански:
duk, pushtetar
Примери:
Мечтаел за титулата околиски војвода.
мн. врховизми
Вид збор: Именка, машки род
Идеологија од почетокот на ХХ век на Врховниот македонски револуционерен комитет во служба на бугарскиот двор.
Примери:
Тој при средбата со врховистите истакнал дека е потребна независнот.
мн. врховисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на врховизмот
Примери:
Врховистите агитирале дека тие ќе достават пушки и тоа без пари, и на тој начин успеале да привлечат дел од незадоволното население.
Вид збор: Именка, женски род
Изненаденост, збрканост, збунетост, запрепастеност.