а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доближи

доближат; доближам, доближете; доближив, доближија, доближав, доближаа; доближил, доближал; доближен, доближан; доближев, доближеа; доближел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1221
1. Поднамести поблиску до нешто или до некого.
Англиски: bring nearer Албански: afroj
Примери:
Ја доближи чашката до устата.
Таа му ја напипа раката и ја доближи пак до лицето.
2. Дојде поблиску до нешто или до некого.
Англиски: approach Албански: afrohem
Примери:
Доближивме до друга композиција празни вагони и тој ме натера да влезам во еден од нив.
Штом доближи до селото, тој виде што се случува.
3. (се доближи) Дојде во близина на нешто или некого.
Англиски: approach Албански: afrohem
Примери:
Им направија место да се доближат до пламенот и да се згреат.
Ќе се доближам до езерото.
Изведенки
1. доближува несв.
(се) доближуваат
2. доближување ср.
глаг. им.