а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

добро

Вид збор: Прилог
Ранг: 336
1. На добар начин, успешно, пожелно, исправно, онака како што треба да биде.
Англиски: well
Примери:
Таа добро го одгледа синот.
Тие добро ги поднесуваат нашите зими.
Помислуваше нели е најдобро да појде самиот таму и да ја предупреди.
2. богато, безгрижно, среќно
Англиски: well
Примери:
Знаев дека добро заработува.
Синот им праќа по некоја пара, добро живеат.
3. сосема, потполно
Англиски: completely
Примери:
Веќе е добро смрачено.
Трагите на коњите и санката уште не втиснати добро во снегот, ги бришеше лапавицата.
Добро го познаваше човекот.
4. Израз за одобрување, согласување со нешто.
Англиски: well
Примери:
Дојде ли? - Добро!
Изрази
Каже со добро - на убав начин.
Фати со добро - на убав начин, без присила.
Добро сум - се чувствувам здрав.
Добро стои со некого - близок е со некого, има доверба во некого.
(книж.) Подобро кажано - израз за дообјаснување, за потенцирање на нешто.
Добро помине – доживее успех во нешто.
Добро ми (ти, му...) дојде - ми е од корист.