жали
жалат; жалам, жалиш, жалите; жалев, жалеше, жалевте, жалеа; жалел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1498
1.
Чувствува жал за нешто изгубено, поминато, неостварено.
Примери:
Жалеше за изгубената младост.
2.
Е во жалост по починат.
Англиски:
mourn
Албански:
vajtoj, mbaj zi
Старата жалеше по загинатиот син.
3.
Сожалува некого, сочувствува со некого.
Примери:
Го жали што останал сам.
4.
Штеди (обично негирано).
Примери:
Кога е за здравјето, не жали ни пари ни труд.
5.
(се жали) Се плаче, се поплакува некому.
Англиски:
complain
Албански:
ankohem, qahem
Не сакам да ти се жалам, но ова летување е едно од најтажните што сме ги поминале.
Слично со:
плаче (несв.)
6.
(се жали) Поднесува жалба до некој државен орган.
Примери:
И двајцата се жалеа против пресудата до Врховниот суд.
Слично со:
приговара (несв.)
7.
(се жали) Се сожалува себеси.
Англиски:
pity
Албански:
qajë, vajtoj
Тој се жали прво себеси, па после другите.
Изведенки
жалење ср.
глаг. им.
глаг. им.