а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заврши

завршат; завршам, завршиме; завршив, завршивме; завршил, завршиле; (ќе) завршеше; (ќе) завршев; (ќе) завршел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 360
1. Изврши, доведе нешто до крај.
Англиски: finish Албански: përfundoj
Примери:
Го завршив школувањето.
Војната заврши.
Чекав да завршат со разговорот.
2. Дојде до некој степен на образование.
Англиски: graduate Албански: arriti
Употреба: Образование
Примери:
Таа заврши за болничарка.
Тој заврши богословија.
3. Достигне до определен степен, состојба, место и сл.
Англиски: end Албански: arriti
Примери:
Овој човек ќе заврши во затвор.
Тој ќе заврши како крадец.
Натпреварот заврши нерешено.
Бракот им завршил со неуспех.
4. Доврши, заклучи при зборување.
Англиски: finish Албански: përfundoj
Примери:
Секој во ова време брза да се затекне дома - заврши здодевно кафеанџијата.
Да се одморам и сѐ по ред ќе ви кажам - заврши старецот.
Па, тоа е така - заврши тој кревајќи ги рамениците.
5. (се заврши) Се доврши, се доведе нешто до крај.
Англиски: end Албански: mbaroj
Примери:
Се заврши и оваа учебна година.
Половина работа се заврши.
6. Почне да врши.
Англиски: thresh
Употреба: Земјоделство
Примери:
Денеска го завршија житото на големото гумно.
Изведенки
завршување ср.
завршувањето
глаг. им.