загаден
Види и:
загади (св.)
загадени
Вид збор: Придавка
Ранг: 10844
Што не е чист, што содржи штетни, опасни материи за здравјето.
Примери:
Тешките метали од загадената почва во овој крај се пренесуваат директно на земјоделските култури.
загадена вода
загаден воздух
загадени бунари
загадени простории
Изведенки
загаденост ж.