закопа
закопаат; закопал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1947
2.
Стави, затрупа, скрие нешто во ископана дупка во земјата.
Примери:
Ископавме дупки и внатре го закопавме житото.
Тој закопал злато под стариот орев.
3.
Покрие, запрета нешто во земја, песок, снег и сл.
Примери:
Ги закопа нозете во песокта.
4.
Погребе мртовец.
Примери:
Стариот игумен го закопаа во дворот на манастирот.
Убиениот го закопал крај патот.
Слично со:
погребе (св.)
5.
Доведе некого во состојба да се почувствува победен, поразен, да изгуби углед и сл.
Примери:
Тие докази го закопаа.
Таквите непромислени постапки може да го закопаат.
Слично со:
сотре (св.)
6.
(се закопа) Се пикне во земја и сл.
Примери:
Кртот се закопа во земјата.
Тој се закопа во снегот.
7.
(се закопа) Заглави, западне во непријатна ситуација.
Примери:
Тој се закопа во долгови.
Слично со:
заглави (св.)
Изведенки
1.
закопува несв.
(се) закопуваат
(се) закопуваат
2.
закопување ср.
глаг. им.
глаг. им.