а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заплени

запленат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20499
1. Одземе туѓа стока, имот во војна, како последица на воени операции.
Англиски: capture Албански: pushton
Употреба: Воен термин
Примери:
Во текот на борбата партизаните запленија многу оружје.
2. Одземе стока, имот по определен законски пат, изврши заплена, конфискува.
Англиски: confiscate Албански: konfiskon
Употреба: Правда
Примери:
Цариниците годинава заплениле многу шверцувана техничка стока.
3. Земе како плен, зароби некого.
Англиски: capture Албански: pushton
Употреба: Воен термин , Ретко
Примери:
При нападот запленија неколку непријателски војници.
Изведенки
1. запленува несв.
запленуваат
2. запленување ср.
глаг. им.