Правда - категорија

завештател повеќе

мн. завештатели
Вид збор: Именка, машки род
Лице што завештава, што остава нешто во наследство.
Англиски: testator
Примери:
Завештателот беше најбогатиот човек во градот.

закон повеќе

мн. закони
Вид збор: Именка, машки род
Правен пропис, нормативен акт донесен од надлежен орган на државата со кој нешто се определува, се уредува.
Англиски: law Албански: ligj
Примери:
Собранието донесе закон.

законик повеќе

мн. законици
Вид збор: Именка, машки род
Зборник, кодекс од закони.
Англиски: code of law Албански: kod, kodeks
Примери:
Кривичен законик.

законит повеќе

законити
Вид збор: Придавка
Што е во согласност со законот, што се заснова на закон.
Англиски: legal
Примери:
Законити норми.
Што е определен, признат со закон.
Англиски: legal
Примери:
Законита сопруга.

законодавен повеќе

законодавни
Вид збор: Придавка
Што донесува закони.
Англиски: legislative
Примери:
Законодавна власт.

законодавец повеќе

мн. законодавци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што донесува закони.
Англиски: legislator
Примери:
Тој бил познат државник и законодавец.

законодавство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Дејност на подготовка и донесување закони.
Англиски: legislation Албански: legjislacion
Севкупност од закони во една држава или во една област.
Англиски: legislation Албански: legjislacion
Примери:
Граѓанско законодавство.

законотворец повеќе

Види и: законодавец (м.)
мн. законотворци
Вид збор: Именка, машки род
законодавец
Англиски: legislator

законски повеќе

законскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на закон, што е во духот на законите.
Англиски: legal Албански: legal
Примери:
Законска обврска.
законит
Англиски: rightful Албански: drejtë
Примери:
Законски сопственик.

заоставнина повеќе

Види и: заоставштина (ж.)
мн. заоставнини
Вид збор: Именка, женски род
заоставштина
Англиски: estate

заоставштина повеќе

Види и: оставина (ж.)
мн. заоставштини
Вид збор: Именка, женски род
оставина
Англиски: estate

заплена повеќе

мн. заплени
Вид збор: Именка, женски род
Одземање на имот.
Англиски: confiscation
Примери:
заплена на оружје, заплена на стока

заплени повеќе

запленат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе стока, имот по определен законски пат, изврши заплена, конфискува.
Англиски: confiscate Албански: konfiskon
Примери:
Цариниците годинава заплениле многу шверцувана техничка стока.

застари повеќе

застарат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби правна и судска важност.
Албански: humb
Примери:
Предметот на расправа бил застарен.

затвор повеќе

мн. затвори
Вид збор: Именка, машки род
Место, зграда каде што се затвораат осудени лица заради издржување казна.
Англиски: prison Албански: burg
Примери:
воен затвор
(само едн.) Казна со која се одзема слободата за определено време.
Англиски: imprisonment Албански: burgim
Примери:
Тој е осуден на три години затвор.

затворски повеќе

Види и: затвор (м.)
затворска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со затвор.
Примери:
затворска казна

заточение повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
вид казна
Англиски: imprisonment
Примери:
доживотно заточение

заштита повеќе

(едн.) заштитата
Вид збор: Именка, женски род
Правна норма за одбрана.
Англиски: protection Албански: normë mbrojtjes
Примери:
Општеството им дава заштита на самохраните родители.

злосторство повеќе

мн. злосторства
Вид збор: Именка, среден род
Најтежок престап, најтешко кривично дело (убиство, разбојништво, предавство, тероризам).
Англиски: crime Албански: fajësi, krim
Примери:
Стигнаа навреме за да го спречат злосторството.

злоупотреба повеќе

мн. злоупотреби
Вид збор: Именка, женски род
Противзаконска, неправилна употреба на нешто (на власт, функција, идеја, право, оружје).
Англиски: abuse Албански: keqpërdorim, abuzim
Примери:
злоупотреба на власта. злоупотреба на државни пари

злоупотреби повеќе

злоупотребат
Вид збор: Глагол, свршен
Противзаконски, неправилно употреби нешто или некого.
Англиски: abuse, misuse
Примери:
Осомничениот призна дека злоупотребил тројца малолетници.

злочин повеќе

мн. злочини
Вид збор: Именка, машки род
злосторство
Англиски: crime Албански: krim
Примери:
злочин и казна
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш