засолне
засолнат; засолни, засолнете; засолнав, засолнаа; засолнал; засолнат; засолнев, засолнеа; засолнел; засолнет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3590
1.
Скрие, стави нешто некаде.
Примери:
Таа го засолни накитот на сигурно место.
Тој засолнал пари на скришно место во црквата.
Слично со:
скрие (св.)
2.
Покрие, заштити нешто.
Примери:
Таа си го засолна лицето од сонцето со сламена шапка.
Слично со:
покрие (св.)
3.
Даде, овозможи засолниште некому.
Примери:
Колибата нѐ засолна од силното невреме.
Стреата ги засолна за кратко, децата, од летниот дожд.
Слично со:
заштити (св.)
4.
Скрие, попречи видик.
Примери:
Навлечените завеси ми го засолнаа погледот.
5.
(се засолне) Се скрие некаде.
Примери:
Тие се засолнаа во скривницата.
Тој се засолна во врбјакот.
6.
(се засолне) Се прикрие зад некого или зад нешто.
Примери:
Таа се засолна зад дрвото покрај патот.
Тој се засолна зад селанецот што стоеше пред него.
Можам ли да влезам и да се засолнам од дождов?
Слично со:
прикрие (св.)
Изрази
Засолни глава - се скрие, најде засолниште.
Изведенки
1.
засолнува несв.
(се) засолнуваат
(се) засолнуваат
2.
засолнување ср.
глаг. им.
глаг. им.