а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збратими

збратимат; збратимил; збратимен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 33363
1. Зближи со некого, поврзе некого со братство, со големо пријателство.
Англиски: fraternize Албански: vëllazëroj
Примери:
Сличната судбина ги збратими.
Вчера нашиот градоначалник со неговиот колега гостин ги збратимија двата града.
2. (се збратими) Се побратими, се зближи како со брат.
Англиски: fraternize Албански: vëllazërohem
Примери:
Некогашните непријатели се збратимија.
Двата погранични града се збратимија.
Изведенки
1. збратимува несв.
(се) збратимуваат
2. збратимување ср.
глаг. им.