а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

здуши

здушат; здушил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 29852
1. (за животно) Направи да не чувствува некого како непријател, како туѓ.
Англиски: befriend Албански: bashkoj
Примери:
Ги здушиле двете стада.
Ги здушиле кучињата пред да ги затворат заедно.
2. (за човек) Направи да се спријатели.
Англиски: befriend Албански: bëhem shok
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги здушиле младенците.
3. (се здуши) За животни - почувствува мирис, здив на животно од друго стадо со цел да се здружат.
Англиски: sniff Албански: bashkoj, miqësohem
Примери:
Се здушиле кучето и мачето.
Се здушиле вашите и нашите коњи и магариња, не се клоцаат веќе.
4. (се здуши) За човек - се зближи, се спријатели.
Англиски: befriend Албански: miqësohet
Примери:
Се здушија новодојдените со староседелците.
Изведенки
1. здушува несв.
(се) здушуваат
2. здушување ср.
глаг. им.