издржи
издржат; издржам, издржа, издржете; издржав, издржаа; издржал, издржале; издржан; (ќе) издржев, (ќе) издржеа; (ќе) издржел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1082
1.
истрпи, поднесе
Англиски:
endure
Албански:
duroj, qëndroj
Болниот ја издржа операцијата.
Пливачот издржа две минути под вода.
Дали ќе издржам, дали ќе успеам?
2.
се совлада
Примери:
Тој не издржа да не викне (да не се насмее, да не стане од креветот).
3.
Докрепи, се држи да остане неоштетен.
Англиски:
bear
Албански:
duroj, rezistoj, mbaj
Покривот не ја издржа тежината на снегот.
Насипот ја издржа стихијата на дотечената река.
4.
Се одржи, задоволи определени барања, критериуми.
Примери:
Неговиот прв роман не ја издржа критиката.
Машините не ја издржаа пробата.