карикатура
мн. карикатури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7284
1.
Цртеж во кој свесно се истакнати, зголемени и изобличени карактеристичните црти на некоја личност, предмет, настан или појава за да се постигне комичен или сатиричен ефект.
Примери:
Ти го земаш четчето и потоа правиш подмолна карикатура со мојот лик.
2.
Комично или сатирично претставување на некого или нешто во литературата.
3.
Смешна сличност со тоа што требало да биде; нешто искривено, изобличено, лошо направено.
Примери:
Таа е карикатура на законот што сите го очекувавме.