Литература - категорија

карикатура повеќе

мн. карикатури
Вид збор: Именка, женски род
Комично или сатирично претставување на некого или нешто во литературата.
Англиски: cartoon Албански: karikaturë

катрен повеќе

мн. катрени
Вид збор: Именка, машки род
Во поезијата - строфа од четири стиха.
Примери:
Лицето на поетот се појавува во последниот катрен.

квинта повеќе

мн. квинти
Вид збор: Именка, женски род
Строфа од пет стиха.
Албански: kuinta

климакс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Поетска фигура со која мислите и чувствата се изразуваат со низа од се посилни изрази.
Англиски: climax Албански: klimaks

книжевен повеќе

книжевни
Вид збор: Придавка
Што се занимава со книжевност.
Англиски: literature Албански: letrar
Примери:
книжевен работник

книжевник повеќе

мн. книжевници
Вид збор: Именка, машки род
Автор на книжевни дела.
Англиски: writer
Примери:
клуб на книжевниците

книжевност повеќе

мн. книжевности
Вид збор: Именка, женски род
Уметничко творештво чиешто изразно средство е зборот, јазикот.
Англиски: literature Албански: letërsi
Примери:
македонска книжевност

козерија повеќе

мн. козерии
Вид збор: Именка, женски род
Забавен, интересен (обично шеговит) краток новинарски текст за некој актуелен настан, за некоја личност и сл.

комедиограф повеќе

мн. комедиографи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пишува комедии, драматург на комедии.
Примери:
Тој е типичен комедиограф, хуморист по вокација.

комичар повеќе

мн. комичари
Вид збор: Именка, машки род
Автор на комедии.
Англиски: comedian Албански: komedian
Примери:
Во овие книги авторот се покажа и како трагичар и како комичар.

компилатор повеќе

мн. компилатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што создава, што прави компилации.
Англиски: compiler Албански: përpilues
Примери:
Обајцата не се писатели, ами компилатори, приспособувачи на туѓ текст.

компилација повеќе

мн. компилации
Вид збор: Именка, женски род
Текст (книжевно, научно дело) составен врз основа на туѓи дела, без самостојна обработка.
Англиски: compilation Албански: përpilim

критика повеќе

мн. критики
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Образложена оцена на некое дело, работа, постапка; збир од оцени во некоја област.
Англиски: critique Албански: kritikë
Примери:
литературна критика

куплет повеќе

мн. куплети
Вид збор: Именка, машки род
Римувана строфа во два или четири стиха што содржи завршена мисла.
Англиски: couplet Албански: kuplet

куплетист повеќе

мн. куплетисти
Вид збор: Именка, машки род
Автор или исполнител на куплети.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч