квота
мн. квоти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 15888
1.
Количина, процент, определен број или дел при распределба на нешто.
Примери:
Cе зголеми квотата за извоз на јаболка.
Слично со:
количина (ж.)
2.
Сразмерен дел, удел што припаѓа некому при делба.
Примери:
Тие ја добија договорената квота при поделбата на акциите.
3.
Количина на вложен труд, потрошен за определено утврдено време.
Примери:
Работникот мора да ја зголеми квотата на производство.
Слично со:
норма (ж.)
4.
Однапред утврден, ограничен број на нешто воопшто.
Примери:
При уписот на факултет тој влезе во државната квота.