кирија
мн. кирии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8319
1.
Плата, награда што се дава на кираџија.
Слично со:
возарина (ж.)
2.
Паричен надомест за изнајмена куќа, стан, соба и сл.
Примери:
Во неговата куќа може да живее колку што сака, само да плаќа кирија и да ја чува.
Слично со:
станарина (ж.)
3.
Паричен надомест за привремено користење на нешто (нива, средство за работа).
Примери:
Со чеза земена под кирија тој леташе од нива на нива и ги надгледуваше работите.
Имаат лозје, дуќан даден под кирија.