книговодство
мн. книговодства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 25172
1.
(само едн.) Систем на евиденција што се води во специјално одредени, деловни книги и служи за евидентирање и контрола на имотната состојба и финансиските промени во некоја стопанска или друга организација.
Примери:
Ме упатија во едно претпријатие да го водам книговодството.
2.
Организационен оддел што врши книговодство.
Примери:
Го поставија за шеф на книговодство.
Книговодствата на двете компании ги споредија податоците за работењето.
Изрази
Двојно книговодство - систем на водење деловни книги во книговодство со водење на две паралелни сметки така што во едната се бележат cите финансиски промени, а во другата само состојбата на имотот.
Просто книговодство - систем на водење на деловни книги во книговодство со помош на една сметка што се користи во помали стопански единици.
Изведенки
книговодствен прид.
книговодствениот
книговодствениот