а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

комора

мн. комори
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8688
1. соба, сопче, просторија
Англиски: compartment, closet Албански: dhomë
Употреба: Архитектура и градба
2. Установа што ги застапува интересите на една дејност или сталеж.
Англиски: chamber Албански: odë, asociacion
Употреба: Економија
Примери:
стопанска комора
лекарска комора
адвокатска комора
3. Во срце, мозок - дупка, шуплина во органот.
Англиски: ventricle Албански: ventrikul, barkushe
Употреба: Анатомија
4. Посебна единица со превозни средства што ги снабдува борбените групи со храна, облека и муниција.
Албански: njësit ushtarak
Употреба: Воен термин
Примери:
Имавме комора од неколку коњи што носеа храна.
Изрази
Мрачна комора - замрачена просторија за развивање фотографски филм.
Мрачна комора - внатрешниот дел од фотографскиот апарат во кој се става фотографска плоча.
(истор.) Гасна комора - просторија со вградени уреди за гас во која фашистите задушувале луѓе во концентрационите логори за време на Втората светска војна.
Изведенки
коморски прид.
коморскиот