конец
мн. конци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1766
1.
Усукани нишки (две или неколку) со еднаква дебелина по целата должина од памук, волна, свила или вештачки материјал што се користи за плетење, шиење, ткаење.
Примери:
Шие со игла и конец.
рибарски конец, медицински конец
Конец за шиење.
Слично со:
нишка (ж.)
2.
Завршување на нешто.
Примери:
Се има конец.
Изрази
Од конец ортома прави - ги увеличува работите, претерува.
Ги држи конците во свои раце - ја држи власта, управува.
Животот му виси на конец - животот му е во опасност.
Како по конец - многу прецизно; праволиниски.
Му ги смрси конците - му ги расипа сметките, плановите.
(разг., грубо) Скина конци - почина.
Виси на конец - се наоѓа во голема опасност.
Куса болест, благ конец - куса болест, брза смрт.
Изведенки
конче ср.
мн. кончиња
дем и хип.
мн. кончиња
дем и хип.