а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коњ

мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 305
1. Крупно домашно животно од редот на копитарите што се одгледува за работа, транспорт или спорт.
Латински: Equus caballus Англиски: horse Српски: коњ Албански: kalë Бугарски: кон Грчки: άλογο
Употреба: Зоологија
Примери:
чистокрвен коњ
товарен коњ
верен коњ
Го јавна коњот.
2. Гимнастичка направа за вежбање.
Англиски: vaulting horse Албански: kalë, kaluç
Употреба: Спорт
3. Шаховска фигура.
Англиски: knight Албански: kalë
Употреба: Спорт
4. коњска сила
Англиски: horsepower Албански: kalë-fuqi
Употреба: Преносно значење , Физика
Примери:
Колку коњи има моторот?
5. Тој што работи нешто лошо, што се однесува грубо, несмасно.
Англиски: clod Албански: kalë
Употреба: Разговорно
Примери:
Полека, коњу еден.
Коњу еден, ништо не знаеш.
Изрази
Hа подарен коњ забите не му се гледаат - на подарокот мани не му се бараат.
(Сега) сум (си, е...) на коњ - по поминати тешкотии сум во добра положба.
Од коњ на магаре - падна од подобро на полошо.
Тројански коњ - скриена опасност.